Непотврдени

Фатен манијак кој полово напаѓал мали девојчиња

15:17 Jan 29 2013 Карпош 4 и во близина на Плоштад Македонија

Опис
Полицијата поднесе кривична пријава, а истражен судија му одреди 30 дневен притвор на 28-годишниот скопјанец И.Г. поради полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.Осомничениот на 2-ри ноември минатата година во близина на плоштад Македонија, пресретнал и застанал 11-годишно девојче, откако претходно го следел.Тој го фатил девојчето и го тегнел за рака притоа сакајќи да ја одведе во зграда на темно место на вториот кат. -Во еден момент се обидел да го соблече и допира по телото по што детето успеало да се ослободи и побегнало во објект во кој е сместена туристичка агенција каде побарало помош од вработениот барајќи истиот да се јави кај нејзиниот татко. Пријавениот влегол во објектот и кога видел дека детето објаснува, истиот му се обратил на вработениот дека ништо лошо не направил, туку само побарал детето да му покаже некоја зграда во близина, по што си заминал, информираат од МВР. Таткото на девојчето го пријавил настанот, по што девојчето го препознало лицето по фотографија. Во вториот случај на 21-ри месецов на ул. “Никола Парапунов“ во паркот пред зграда бр.2 И.Г. пресретнал 10-годишно дете и откако ја прашал дали знае каде е зграда бр. 9 во еден момент ја фатил за рака и под мишка со намера да ја внесе во влезот од зградата. Девојчето се противело и го молело да ја пушти, на што И.Г. и рекол дека е извалкана на панталоните и почнал да ја допира за бутините со движење како да ја чисти и трие и ги соблекол панталоните и почнал да ја допира, но во еден момент детето успеало да му се отргне и да избега дома каде се сокрила во својата соба а потоа за настанот кажала на својата мајка. И во овој случај таткото го пријавил настанот, а девојчето го репознало манијакот по фотографија. На полицијата И.Г. од порано и е познат за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, силување во обид и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Од полицијата информираат дека во тек се мерки за расчистување и на други вакви кривични дела за кои постои сомнеж дека се извршени од пријавениот. Воедно од МВР апелираат доколку одредени граѓани се оштетени при ваквите кривични дела може случаите да ги пријават во најблиската полициска станица и да направат увид во фото-документацијата.
Повеќе податоци
Вие сте: Сведок
Се случува: еднаш
Тип на место: улица или паркинг
Пријавивте ли во полиција?: Да
Колку сте задоволни од односот на полицијата?: Не знам

Незадолжителни податоци - Опис на сторителот




Features
Веродостојност: UP DOWN 1

Повеќе пријави

Манијак во Карпош 2

13:37 Jan 20, 2013

Karposh II, Skopje 1000, Macedonia (FYROM), 0.01 Kms

Непријатно искуство во близина на факултет

14:20 May 09, 2016

Карпош 2, во близина на СП Маркет, 0.11 Kms

Incident - Samozadovoluvanje na javen parking vo Taftalidze pozadi Tinex vo temna lokacija

13:56 Oct 14, 2012

Alexandria na parking pozadi,taftalidze Skopje 1000, Macedonia (FYROM), 0.36 Kms

Свиркање

12:03 Aug 15, 2012

Партизанска, 0.4 Kms

Манијак во Карпош 3

13:31 Mar 01, 2015

Карпош 3, кулите спроти бензиската Макпетрол на Илинденска, 0.44 Kms