Непотврдени

манијак од пред влез

22:15 Oct 20 2012 ул. „Васил Главинов“ блок 10, влез 4

Опис
Настанот за кој ќе пишам се повтори два пати, првпат пред две недели (07.10.2012) и потоа повторно пред една недела (14.10.2012). И двата пати се случи во околку 1:30 по полноќ, кај мене пред влез, со истиот човек. Првиот пат, другарка ми ме остави со кола пред зграда, и одејќи накај влезот, забележав како од најблиската клупа еден човек станува и трга кон мене. Како и да е, не мислев дека е тоа некако битно и продолжив кон отклучување на влезната врата. Во моментот кога отклучив човекот стоеше до мене, (не знам како не го чув кога дојде) и ме праша „Може да влезам?“ (за да влезе во влезот), јас го прашав „Зошто?“, на што тој непријатно се доближи до мене со цело тело и ме праша „Да не си за секс?“. Јас се тргнав, му се раздрав нешто и му реков да бега. Човекот избега. Овој настан иако беше језив, не го пријавив во полиција затоа што немаше некој контакт или насилство. Сосема неочекувано истава приказна се повтори по една недела, со промена во тоа што овој пат човекот не ме праша дали сум за секс, туку додека ја отклучував влезната врата се појави (од никаде), ми рече „Здраво комшике“ и проба да влезе во влез со мене полунасилно. Јас го бутнав и му реков да бега дека ќе викнам полиција. Тој избега, а јас овојпат го пријавив во полиција. Од тогаш го немам видено.
Повеќе податоци
Вие сте: Жртва
Се случува: еднаш
Тип на место: друга јавна зграда
Пријавивте ли во полиција?: Да
Колку сте задоволни од односот на полицијата?: Не знам

Незадолжителни податоци - Опис на сторителот

Приближна возраст: 35-40
Висина: 165
Боја на коса: кафеава
Специфични белези (облека, тетоважи, накит итн.): горна и долна тренерка (шушкавец)

Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Превара

21:00 Aug 09, 2012

Автобус на Руле Турс, 0 Kms

Навреда

13:53 Aug 31, 2012

Партизанска, автобуска линија 2, 0 Kms

Следење

21:30 Jun 08, 2012

Во Центар, 0 Kms

Напад во влез

05:15 Mar 07, 2012

Паркингот позади Дом на Градежници, Центар, Скопје, 0 Kms

сите сељаци

01:16 Sep 07, 2012

ул. Македонија, 0 Kms