Непотврдени

Непријатно искуство во близина на факултет

14:20 May 9 2016 Карпош 2, во близина на СП Маркет

Опис
Се враќав од консултации за семинарска од факултет, упатувајќи се накај автобуската станица што е најблиску до Хотел Карпош. Септември месец, летно време сред бел ден накај 2 часот пладне. Ни 50 метри откако го напуштив факултетскиот кампус на техничките факултети во еден пролаз што не е толку прометен, но сепак не нешто збутано каде што не поминува жива душа. Со грб беше свртен покрупен маж, со долга коса врзана во реп. Ме сети дека се приближувам и се заврте. Беше со изваден полов орган надвор , сега свртен накај мене и ме гледаше со грозен поглед. Ме оби ладна пот и се вознемирив и гледав најдобро можно да го заобиколам бидејќи не знаев што ќе му биде наредниот чекор. Во моментот кога поминав покрај него ми уфрлуваше вознемирувачки реченици, се исплашив и почнав да трчам најбрзо што можам. Среќа не ме следеше и во близина беше СП Маркетот во Карпош 2 каде што имаше повеќе луѓе и се осетив малку посигурно. Гледав да стигнам што побрзно назад на пракса и ми требаше некое време да се соземам. Можам да кажам дека имав голема среќа што не ми се случи нешто полошо во тој момент. Ова се случи во близина на факултет каде што низ тие места во текот на денот поминуваат голем број на студенти. Во тие населби се и многу студенти семстени да живеат, но не само тоа, 100 метри подоле се наоѓа и основно училиште со деца. За ова известив и по групите на фејзбук на факултетските генерации, каде што бев и исмеана од добар број на студенти, не си го земав тоа при срце, поважно ми беше да предупредам. Во полиција не пријавив, се прашувате зашто, епа од предходно лошо искуство со истите за друг вид на ситуација.
Повеќе податоци
Тип на место: улица или паркинг

Незадолжителни податоци - Опис на сторителот

Приближна возраст: 40
Висина: 180
Тежина: 100+
Боја на коса: црна
Специфични белези (облека, тетоважи, накит итн.): наочари

Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Фатен манијак кој полово напаѓал мали девојчиња

15:17 Jan 29, 2013

Карпош 4 и во близина на Плоштад Македонија, 0.11 Kms

Манијак во Карпош 2

13:37 Jan 20, 2013

Karposh II, Skopje 1000, Macedonia (FYROM), 0.12 Kms

Манијак во Карпош 3

13:31 Mar 01, 2015

Карпош 3, кулите спроти бензиската Макпетрол на Илинденска, 0.34 Kms

Incident - Samozadovoluvanje na javen parking vo Taftalidze pozadi Tinex vo temna lokacija

13:56 Oct 14, 2012

Alexandria na parking pozadi,taftalidze Skopje 1000, Macedonia (FYROM), 0.45 Kms

Свиркање

12:03 Aug 15, 2012

Партизанска, 0.46 Kms