Потврдено

Вербално насилство и обид за физичко насилство на јавен простор врз жена

12:22 Aug 11 2017 Kisela Voda, Macedonia (FYROM)

Опис
Чекам ред на каса во Тинекс, Кисела Вода, додека еден примитивец којшто исто така чека ред на соседната каса почнува да ја пцуе касиерката. На тоа реагира девојката која чека до него, па и се сврте и нејзе да ја пцуе и да ја навредува. Тензијата и нервозата расте за да дојде до тоа моронов да тргне накај девојката да ја удри. Неколку ДЕВОЈКИ реагиравме и некако ситуацијата се смири. За сето време касиерките беа будистички прибрани и само апелираа : “без навреди, никако навреди, ве молам немојте“. Жените таму се оставени без обезбедување и без заштита во случај некој да ги нападне, како оваа будала на пример. Откако се смири ситуацијата, жената на каса ми рече: “не е ова прв пат, еден ваков ми се има внесено во лице со зборовите има сеа шамар овде пред сите да ти мавнам“. Дали се мисли на безбедноста на жените на нивните работни места и на јавни простори , воопшто?!?
Повеќе податоци
Вие сте: Сведок
Се случува: еднаш
Тип на место: продавница
Пријавивте ли во полиција?: Не
Колку сте задоволни од односот на полицијата?: Не знам

Незадолжителни податоци - Опис на сторителот

Приближна возраст: 55
Висина: 190
Тежина: 90
Боја на коса: седа

Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Свиркање

13:37 Aug 23, 2012

Ново Лисиче, 3.88 Kms

Разбојништво

19:20 Feb 04, 2012

бул. АСНОМ продавница Мак Ден, 4.05 Kms

Sledenje i zjapanje na maloletnicki od strana na 45-50 godisen covek

01:04 Sep 07, 2012

Економско училиште Васил Антевски Дрен,парк Пушкин,парк кај ОУ Круме Кепески, 4.29 Kms

со остар предмет и нанел расекотини на глават

04:15 Jan 09, 2012

бул. „Јане Сандански“, 4.33 Kms

Пронајдена мртва жена на кејот на реката Вардар

09:27 Apr 01, 2013

населба Лисиче на кејот на реката Вардар, 4.36 Kms