Поимник

Целта на овој поимник е да ви помогне да ги разберете поимите кои ги употребуваме на сајтот и да ви го олесни поднесувањето на пријавата. Се надеваме дека во него ги разјаснуваме прашањата кои произлегуваат од терминологијата која ја употребуваме, но долку тоа не е случај за одреден поим, ве молиме да ни пишете и да предложите поими кои сметате дека се нејасни и за кои се потребни дополнителни објаснувања.

Навредливи коментари, сврикање – ова е широка категорија на вербално насилство која подразбира било какво непосакувано коментирање на вашиот изглед.

Непријатно допирање или покажување гениталии –ова се однесува на било која непосакувана форма на егзибиционизам, од непристојно допирање (каде што насилникот непристојно си ги допира гениталиите со или без директно покажување на гениталиите), до мастурбирање.

Следење, зјапање, намерно попречување на пат – сите овие се форми на ограничување на нечие движење без физички контакт.

Закана - било какво вербално изјавување на намера да се нанесе било каква форма на насилство.

Физички напад – било каква форма на насилство при која насилникот користи дел од своето тело или целото тело или пак предмет за да ве повреди.

Сексуално насилство – оваа форма на физичко насилство подразбира било каков непосакуван пристап од сексуална природа, од тоа да ве допира на сексуален начин, до тоа да ве принуди на сексуален однос.

Потврдени пријави – кога некоја пријава на сајтот е означена како “потврдена”, тоа значи дека постои полициски записник за нападот за кој станува збор.