Непотврдени

Јас мислев само мене ме дмнеат вакви манијаци !

11:12 Sep 7 2012 Кај рестоан Кај Злате. Жена парк, Зелено пазарче

Опис
На времето порано најмногу ги имаше во Жена Парк, сега не знам дали ги има ама порано, на тој едниот уште му го памтам ликот, си носеше со него некој весник и си го криеше откопчаниот шлиц и раката под весникот и се замозадоволуваше додека те гледа од страна, седнат на некоја клупа ... истот можеше да се види и кај сендвичарите кај Стоилко. Кога ќе го пријавев на патролниата полиција, само ќе одговореа- ништо не му можеме, душевно е болен, па велев, нека го затворат у лудница и решен проблем, но ..... Имше и кај Зелено пазарче и карши ДОС со другарка кога ке се шетавме навечер обавезно ќе се појавеше некој да дофрла безобразни зборови, а ние не се плашевме туку викавме по нив, а тие бегаа. Наредно ми се има случено на уличката кај ресторан- Кај Злате, во сред бел ден да ме фати еден на велосипед за задник- но тој многу го чинеше тоа- за среќа со помош на еден дечко од обезбедување кој случајно минуваше тука го фативме и заврши во полициска станица и фино му го дотераа паметот таму . Никогаш не сум им се плашела на ваквиве манијаци и свиркачи и би ги охрабрила сите жени/девојки доколку се најдат во вакви непријатни ситуации да соберат храброст да почнат да викаат по него, наводно да го забркаат небаре ќе го удрат со нешто - тие се плашливи и веднаш ќе избегаат, барем во моите случаеви секогаш било така. И секоја чест за сајтов, оддамна ни беше потребно нешто вакво. Но, не е доволно, секако треба да се пружи помош од институциите, како на нас како злоставувани на некој начин, така и на овие заболени ликови на кои им е потребна стручна помош. Поздрав.
Повеќе податоци
Вие сте: Жртва
Се случува: повеќе од 5 пати
Тип на место: улица или паркинг
Пријавивте ли во полиција?: Да
Колку сте задоволни од односот на полицијата?: Многу задоволни
Каков беше нивниот одговор?: Го запишаа инцидентот,Го истражија инцидентот,Го фатија сторителот

Незадолжителни податоци - Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Premnogu gi ima

13:41 Sep 30, 2012

Zena park, 0.01 Kms

Задоволување на полови страсти во јавност

23:00 Sep 02, 2017

Centar, Macedonia (FYROM), 0.17 Kms

Дерење на паркинг

00:08 Sep 12, 2012

Кај Тедико маркет спроти ресторан Ромео и Јулија, 0.18 Kms

Превара

21:00 Aug 09, 2012

Автобус на Руле Турс, 0.19 Kms

Навреда

13:53 Aug 31, 2012

Партизанска, автобуска линија 2, 0.19 Kms